| четврток, 6 декември 2018 |

Кошта е кариката која му недостасуваше на Челси

Бразилскиот Шпанец Диего Кошта ова лето потпиша договор со Челси и веќе во подготвителниот период покажува за каков играч се работи.
Кошта има одлична сезона зад себе со Атлетико Мадрид, но потфрли на светското првенство играјќи за Шпанија. Јавноста во Англија се сомневаше за квалитетите на овој играч, но тој возврати со четири гола за Челси на пријателските натпревари, од кои два постигна синоќа против Реал Сосиедад.
Првиот пријателски натпревар кој Челси го одигра на својот стадион Стенфорд Бриџ победи со 2-0 и тоа со головите на новиот напаѓач.
Кошта за само седум минути успеа да двапати да се запише во листата на стрелци.
Тренерот на Челси Жозе Мурињо е презадоволен од учинокот на својот фудбалер и истакнува дека добил играч каков му недостасува за ефтини пари. Трансферот од Атлетико Мадрид го чинеше лондонскиот клуб „само“ 32 милиони фунти.

– Диего е тимски играч кој вредно работи на теренот, не се во прашање само головите кои ги постигна до сега. Тој учествува и во одбраната и ментално е силен и поседува големи амбиции. Тој е играчот кого го чекавме – изјави Мурињо.

– Токму поради него во зимскиот преоден рок не купивме напаѓач, го чекавме него и се надевавме дека се добро ќе се заврши и ќе потпише за нашата екипа. Со оглед на ситуацијата каков е луд трансфер пазарот, ние може да се каже дека и ефтино го купивме – додаде Мурињо.

Првенството на Англија почнува овој викенд, а Челси првиот натпревар го игра против Барнли на гостински терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top