Во почетокот на август британската ријалити ѕвезда Кејти Прајс, попозната како Џордан, родила ќерка, а само една недела по породувањето, се вратила пред објективите, бидејќи без позирање очигледно не може. Кети по тој повод објавила фотографија од својот стомак.
Фотографијата ја покажува гола, исончана мајката на пет деца како лежи на креветот, а коментарите за истата делуваат како да ѝ недостасуваат трудничките денови.

– Последната фотографија од минатонеделниот труднички стомак. Ми недостасуваат нејзините удари- напишала Џордан во описот на фотографијата.
Британската старлета неодамна дозна дека нејзиниот сопруг Киран Хајлер ја изневерувал со нејзината најдобра пријателка Џејн, со која дружи веќе 20 години. И тоа додека старлетата била бремена.
Кејти, сепак, одлучила се да му прости на неверниот сопруг, па така тој бил покрај неа во текот на породувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


