| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо од холивудската венчавка на годината: Славниот пар ја прекина врската!


Уште еден холивудски прекин е во тек. Славиот актерски пар Кејти Холмс и Џејми Фокс ја прекинале својата долгогодишна врска, а наводно причината се крие во неверство.

Врската ја прекинала Кејти откако неодамна дознала дека Џејми ја измамил и едноставно повеќе не можела да му верува.
-Кејти, едноствно, повеќе не можеше така – открил извор близок до Мирор онлајн.
Кејти и Џејми својата врска која трае од 2013 година долго ја криеле, а првпат во јавност се појавиле на годинешното доделување на наградите Греми.

Според наводите на извор близок до парот, Кејти се чувствувала понижена после објавувањето на врската бидејќи Џејми и покрај тоа инсистирал врската да ја држат во тајност. Откако на сите им обзнаниле дека се заедно се очекувала и нивна венчавка која Кејти и Џејми ја планирале, но се чини дека од нивната венчавка нема да има ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top