
За два месеци Штип ќе добие зоoлошка градина. Кон средината на октомври треба да бидат завршени градежните работи и поставени боксовите, на површина од 5.000 метри квадратни, пишува Нова Македонија.
На просторот кој штипското претпријатие го уредува, ќе бидат поставени 40-етина боксови во кои ќе се сместат срни, диви свињи, лисици, мајмуни и секаков вид на птици, меѓу кои и пауни, соколи и егзотични папагали.
Се разговара со дел од бизнисмените од Штип да ги донираат животните. Од „Исар“ најавуваат дека цената за посета на зоолошката ќе биде симболична, а намера е да се рзазубави просторот , но и да се направи достапен за сите.
Изградбата на Зоолошката градина е иницијатива на јавното претпријатие и општината, а ќе биде прва зоолошка во источниот регион и трета во државата по оние во Скопје и Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


