| четврток, 6 декември 2018 |

Жирафите ќе добијат современо живеалиште во Зоолошката градина

Започна реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошка градина Скопје. Со реконструкција на живеалиштето на жирафите започна проектот за реновирање и реконструкција  во Зоолошка градина Скопје.

Утринава, влегоа камиони на градежната фирма „АД Карпош“ кои ќе работат на реконструкција на внатрешното живеалиште на жирафите. Реновирањето пред зимскиот период е донација од оваа градежна фирма.

„Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот „Европска Зоолошка“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top