Два лавa, два тигри и јагуар избегале од зоолошка градина во Линебах во западна Германија, соопшти полицијата.
Локалните власти ги советуваа жителите да останат во своите домови и да ја повикаат полицијата ако видат некој од петте предатори на слобода.
Мечка, исто така, избегала од зоолошката градина Ајфел во приватна сопственост, но била застрелана, изјави за АФП портпарол.
Германските медиуми објавија дека животните можеби избегале по поплавите и бурата која била ноќта.
Зоолошката градина, која беше основана во 1965 година со само кучиња, магариња и дива свиња, е дом на речиси 400 животни и е посетена од 70.000 луѓе годишно, пишува на нејзината веб-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.