
Во населбата Илиџа, во Сараево, Босна и Херцеговина се гради државен затвор со капацитет за 300 затвореници и 50 места за притвор, кој ќе претставува најсовремена казнено-поправна установо на Балканот.
Со изградбата на оваа установа, властите во БиХ очекуваат да биде намалена пребукираноста во затворите и да биде прекината праксата лица осудени на затворска казна слободно да шетаат по улица затоа што нема места во затворските институции.
Изградбата и опремувањето на затворот ќе чини речиси 40 милиони евра.
Според заменик-министерот за правда на БиХ Срѓан Радуљ, оваа затворска установа ќе ги задоволува највисоките европски стандарди во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


