| четврток, 6 декември 2018 |

Робин Вилијамс: Бев за срам, правев работи кои се за гадање и од тоа тешко се заздравува

robinwilliamsСлавниот комичар зборуваше за своите пороци во емотивното интервју за британски „Гардијан“.

Робин Вилијамс неодамна објави дека по напорната година во која сними четири филма повторно има потреба да замине на рехабилитација. Вилијамс пред да се роди неговиот син во 1983 година, бил зависник од кокаин и од алкохол, но првпат се одрекол од порокот непосредно пред раѓањето на детето и успеал да остане трезен цели дваесет години. Но, за време на снимањето на филмот The Big White на Алјаска во 2003 година повторно почнал да пие.

– Бев во мало гратче кое не е на крајот на светот, но можете да го видите од таму. И си помислив: алкохол. Еј може алкохол да помогне. Бев осамен и ми беше страв, премногу работев и си реков „може ќе помогне“. И тоа беше најлошата работа на светот. По првата голтка се почувствував топло и убаво. Но, следната работа што ќе ви текне кога ке се свестите е дека имате проблем и дека никој не може да ви помогне – се присетуваше актерот.

Robin-Williams-robin-williams-3674072-381-445

Вилијамс бил близок пријател со Кристофер Рив, но тој вели дека смртта на неговиот пријател не е причина за депресијата.

– Посебично е од тоа. Буквално се работи за страв. Помислувате – во ред, од ова ќе ми го олесни стравот. Но, не помага. Се плашам од сѐ. Тоа е страв кој е насекаде и фрустрира. Престрашен сум – објасни Вилијамс.

Сепак, во тие моменти не се вратил на кокаинот затоа што знаел дека „ќе го убие“.

– Не, кокаинот ме прави параноичен и неспособен, многу е забавен. Ниту еден дел од мене не рече: Супер, ајде да го пробаме. Бескорисни разговори до полноќ будење во зори како вампир… Не – додава актерот.

На Робин му било потребно дури една недела за да сфати дека повторно има проблем со алкохолот.

– Таа прва недела се лажете себеси, си говорите дека можете да престанете и тогаш вашете тело се противи и вели – ама не, ќе сопреш подоцна. И тогаш ми требаа едно три години да застанам – вели тој.

На крајот на рехабилитација го поттикнало семејството, а Вилијамс секоја недела посетувал собири за лекување алкохоличари. Пред пет години комичарот бил и на операција на срце, каде што еден од залистоците му беше заменет со свински.

– О Господе, станете емотивни. Такво нешто ви ги пробива сите граници, го пробива вашиот оклоп. И немате избор, целосно сте отворено и се чувствувате смртно – го опишува своето искуство.

Неговиот втор брак заврши во 2008 година поради пијанствата, иако тогаш веќе бил трезен.

– Бев за срам, правев работи кои се за гадање и од тоа тешко се заздравува. Секој може да рече: Ти простувам, но тоа не е исто како заздравување. Не можеш да преминеш преку тоа – тврди Робин.

Во својата кариера Вилијамс направи неколку навистина необични избори. Комедите, по кои е најпознат, го направија богат и славен, но сентименталните филмови како  World’s Greatest Dad подобро одговараа на неговата кариера. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top