| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-мун го поздрави „напредокот за формирање на влада во Ирак“

glavna-bankimunБан Ки-мун го поздрави „напредокот за формирање на влада во Ирак“ и ја пофали одлуката Хајдар Абади да се именува за мандатар. Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан го поддржува Абади да формира сеопфатна, за сите прифатлива влада. Генералниот секретар на ОН ги повика сите политички партии и нивните приврзаници да „останат мирни и да го почитуваат политичкио тпроцес“.

Ирачкиот премиер во заминување Нури Малики го обвини претседателот Фуад Масума дека го прекршил Уставот со тоа што му довери мандат на Абади, додавајќи дека ќе остане на функцијата. Малики е премиер од 2006 година.

Именувањето на Абади за нов ирачки премиер го поздрави и потпретседателот на САД, Џозеф Бајден и вети американска помош за инклузивната ирачка Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top