| четврток, 6 декември 2018 |

Дрогба се повреди на првиот меч по враќањето во Челси

Повратникот во Челси, фудбалерот Дидие Дрогба, се повреди на пријателскиот меч против Ференцварош.

Челси преку пресврт го совлада Ференцварош во Будимпешта со 2:1, а Дрогба во 27. минута доживеа повреда на скочниот зглоб.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска се пожали на болки веднаш по водечкиот погодок на Золтан Гера, но „сините“ преку Рамиреш и Фабрегас направија пресврт и го добија.

Поради повредата Дрогба мораше да го напушти теренот, а во наредните неколку дена ќе се знае колку ќе паузира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top