
Лиридон Зенку правник и публицист
Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и на жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и на општеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и на жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање. Заедница на живот на маж и на жена, која не е заснована во согласност со одредбите на Законoт за семејството (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно здржување и на имотот здобиен за време на траењето на таа заедница. Брак може да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со законот.
Лице што не навршило 18 години од животот не може да склучи брак. Надлсжниот суд може, во вонпроцесна постапка, да дозволи склучување брак на лице што навршило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и на должностите што настануваат во бракот, а по претходно добиено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во центарот за социјална работа. Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, чичко и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди.
Бракот престанува со смрт на еден од брачните другари, со прогласување на исчезнатиот брачен другар за умрен, со поништување и со развод на бракот. Ако еден од брачните другари е прогласен за умрен, бракот престанува со денот, кој со правосилното решение е утврден како ден на неговата смрт. Бракот престанува со поништување и со развод кога пресудата за поништување, односно развод, ќе стане правосилна. И јас останувам со ставот на предложените измени на Уставот и донесување закон за бракот во кој стои дека тој може да се склучи само меѓу еден маж и една жена.
Семејството е животна заедница на родители и на деца и на друга роднини, ако живеат во заедничко домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца и со посвојување. Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца, татковството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа. Републиката создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство.
Родителството настанува со раѓање и со посвојување. Родителите кон своите деца имаат еднакви права и должности (родителско право). Односите на родителите и на децата се засноваат на права и на должности на родителите да се грижат за подигање, чување воспитување и образование на своите деца и да ги развиваат нивните работни способности и навики. Родителското право го вршат родителите заедно, во согласност со потребите и со интересите на децата и со интересите на општествената заедница. На родителот може да му биде одземено или ограничено вршењето на родителското право под услови предвидени со закон. Правата и должностите на родителите и на другите роднини кон децата, како и правата и должностите на децата кон родителите и другите роднини, се еднакви, без оглед на тоа дали децата се родени во брак или надвор од бракот.
Заедница на живот на маж и на жена, која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и на имотот здобиен за време на траењето на таа заедница.
Родителското право престанува со полнолетство на детето или на друг начин предвиден со овој закон. Полнолетството се здобива со навршување 18 години од животот, кога полнолетното лице се здобива со деловна способност. Републиката преку старателство обезбедува заштита на децата без родители, на малолетните деца без родителска грижа и на полнолетните лица под услови и на начин утврден со овој закон.
Работите сврзани со посебната заштита и помош на семејството, посвојувањето, како и работите на старателството, утврдени со закон, ги врши центар за социјална работа со методите на стручната, советодавната и на советувалишината интердисциплинарна тимска работа. За работите сврзани со посебната заштита на семејството, центарот за социјална работа ги применува одредбите од Законот за општата управна постапка. По жалбите изјавени против решенија на центарот за социјална работа решава Министерството за труд и за социјална политика. Жалбата изјавена против решението на центарот за социјална работа не го задржува неговото извршување.
Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување. Родителите имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца. Со старателството Републиката им дава посебна заштита на малолетните деца што се без родителска грижа и на полнолетни лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност. За старател се поставува лице што има лични својства и способности за вршење на должноста старател, а кое претходно ќе даде согласност да биде старател. За старател првенствено се поставува близок роднина на лицето под старателството.
По мое мислење, треба да се формираат различни фондови за помагање на сиромашните семејства за да опстане општеството, во спротивно ќе се уништат нацијата и општеството!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


