Славниот роман „Малиот принц“ на францускиот писател Антоан де Сент-Егзипери и официјално стана терапевтско средство, според судска одлука во аргентинскиот град Розарио.
Според судската пресуда, разведена двојка мора да им го чита на своите деца ова дело на сланиот писател и авијатичар, секој месец, еднаш неделно. Судот заклучил дека таткото и мајката така подобро ќе ги разберат своите деца и во нив ќе видат личности, пишува порталот „Seecult“.
Освен „Малиот принц“ задолжителна лектира за поранешните сопружници е „Етика за Амадор“ на шпанскиот филозоф и романописец Фернандо Саватер, како и Конвенцијата за правата на децата.
На крајот од јули беше одбележана 70-годишнината од смртта на Антоан де Сент- Егзипери, кој загина летајќи со авионот на 31 јули 1944 година.
Книгата „Малиот принц“ првпат е објавена во април 1943 година во Њујорк, на француски јазик. Подоцна стана најпреведувано дело на француската книжевност – објавене е дури на 270 јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски