„Трип aдвајзор“, познатата веб-страница за патување, ја прогласи зоолошката градина во Омаха, во американската сојузна држава Небраска, за најдобра зоолошка во светот. Оваа градина ја има најголемата затворена пустина во светот. Покриена со купола висока колку 13-катница, таа ги имитира пустинските услови што владеат во Австралија, Африка и во Северна Америка.
На второто место, исто така, е една зоолошка градина во САД, во градот Сан Диего, позната по пандите, нејзината најголема атракција. И најдобриот аквариум е во Америка, во калифорнискиот град Монтереј.
Најдобрите зоолошки градини надвор од САД се во Лоро Парке во Шпанија (трето место) и во Сингапур (петто место).
Во истражувањето биле вклучени 275 зоолошки градини и аквариуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.