Македонската кошаркарска репрезентација во првото полувреме од квалификацискиот натпревар за европското првенство 2015 година против Белгија одигра слаби 20 минути во првиот дел. Анемична игра во нападот со многу промашени шутеви од чиста позиција зад линијата за три поени. Тоа што треба да ја краси играта на нашата репрезентација го искористи Белгија и со контролирана игра и долги напади успеа да се одлепи на 13 коша разлика (23-36).
Најпрецизен во првото полувреме беше Белгиецот Ервел со 15 поени. Кај Македонија капитенот Војдан Стојановски постигна девет, додека Костовски даде седум.
Првоплсираните репрезентации од седумте групи директно одат на европското првенство како и шесте најдобри второпласирани. Македонија е заедно во група со Белгија, Белорусија и Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



