| четврток, 6 декември 2018 |

На Корзика повредени 44 полицајци

Министерството за внатрешни работи на Франција попладнево соопшти дека 44 негови припадници се повредени, од кои осум задржани во болница, по судирот со навивачите на Бастија и на Олимпик Марсеј.

Немирите избија на островот Корзика пред, за време и по синоќешниот дуел Бастија – Олимпик Марсеј во 1. коло од француската Лига 1.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казнев во заедничката изјава со министерот за спорт Нажат Вало-Белкасем им порачаа на виновниците дека ќе бидат казнети и дека ќе им биде забранет влез на стадионите во земјата.

Властите на Франција најавија итен состанок со раководните луѓе на фудбалскиот сојуз на кој би се разговарало за мерките со кои би се спречило насилството на спортските терени. Дуелот Бастија – Олимпик Марсеј заврши без победник 3:3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top