| четврток, 6 декември 2018 |

Манџукиќ ќе биде предводник на нападот на новиот проект на Олимпик Марсеј?!

mario mandzukic

Олимпик Марсеј најавува сериозен проект за следната натпреварувачка сезона, а како една од најголемите желби на клубот од „Велодром“ се споменува Марио Манџукиќ. Француските медиуми јавуваат дека левиот бек Патрис Евра веќе неколку пати разговарал со „Супер Марио“ на оваа тема, при што хрватскиот ас не ја отфрлил можноста летово да се пресели во Марсеј.

Бафетимби Гоми моментно е единствениот класичен напаѓач во таборот на Олимпик, па амбициозното раководство на клубот не ја крие желбата да доведе врвен голгетер за следната сезона. Токму затоа, Олимпик подготвува понуда од 30 милиони евра до Јувентус, додека на Манџукиќ би му биле понудени четири милиони евра по сезона, што е повеќе од она што голгетерот моментно го заработува како член на италијанскиот првак.

Она што е најзначајно, на Манџукиќ би му била доделена улогата на предводник на нападот на францускиот клуб, наместо крилен офанзивец, улога што моментно ја има крај Игуаин во Јувентус. Евра имал само пофални зборови за организираноста на својот нов клуб, каде дојде од Јуве во јануари, па останува да се види дали хрватскиот голгетер ќе ги следи стапките на својот долгогодишен соиграч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top