| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиев: Го исполнуваме ветувањето за отпис на долговите

pari

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, во своето денешно гостување на вестите на Канал 5, зборуваше за реализирањето на ветувањето дадено од страна на Владата за отпис на долговите на граѓаните.

-Го исполнуваме верувањето во две фази. Распишан е оглас за пријавување на економските оператори заинтересирани зо учество во процесот, а рокот завршува утре, на 11 август. Ние ќе информираме по завршувањето колкав е интересот и други детали, изјави Ѓорѓиев.

Тој додаде дека граѓаните треба да знаат дека многу набрзо по завршувањето на огласот министерот за финансии ќе објави јавен повик за аплицирање на граѓаните со долгови за електрична и топлинска енергија, долг на кредитна или дебитна картичка или радиодифузна такса.

Ѓорѓиев рече дека потоа ќе претстои период за објаснување на деталите и документите потребни за аплицирање, а потоа ќе се започне со реализација на проектот.

Процесот се очекува да биде комплетиран во периодот од октомври до ноември годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top