| четврток, 6 декември 2018 |

Владата вработи 33 деца без родители

Владата им овозможи на 33 деца без родителска грижа да се вработат

65332
Денеска 33 деца без родители добија решенија за вработување на функција државни службеници.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање посочи дека тој како мал живеел во близина на дом за деца без родители и се дружел со децата.

– Направените измени во законите се директна помош за децата без родители и родителска грижа. Ние како влада ја зголемивме паричната сума што им ја доделуваме како стимулација да студираат. Секој од нив ќе добива по 24.000 денари месечно. Дополнително, донесовме одлука станови од секоја зграда изградени од јавното претпријатие да бидат доделувани на овие деца. Ја зголемивме и финансиската поддршка. Доделувањето на решенијата за вработување се последниот круцијален чекор за подобар живот на овие деца – истакна Груевски.

Заедно со премиерот, решенијата ги додели и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top