| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: На многумина им пречи што сум Србин

Rogers Cup tennis tournament in Toronto

фото ЕПА

По поразот во третото коло на „Роџерс Куп“ во Торонто од Жо Вилфред Цонга, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го привлече вниманието со изјавата дадена за телевизијата БХТ. Според него на многумина им пречело што тој постојано истакнува дека е Србин.

– Кај некој луѓе тоа предизвикува реакции, па прашуваат: „Зошто мора сега да стави качкет на кој пишува Србија?“ или „Зошто сега мора да ја промовира својата земја“? Можеби мислат дека претерувам, дека тоа го работам со сила. Но, јас само ја користам секоја можност да и помогнам на својата земја. Сакам да ја промовирам нашата култура и историја, за која не се зборуваше многу поради случувањата од блиското минато,- пренесува српскиот портал „Телеграф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top