Одморот на Бил Гејтс изгледа токму онака како што веројатно замислувате како изгледа одмор на еден од најбогатите луѓе на светот.
Наутро тој се опушта играјќи тенис, а потоа со хелихоптер се враќа на суперјахтата која тој и неговото семејство ја изнајмиле за пет милиони долари неделно.
Семејниот одмор на основачот на „Мајкрософт“ се одвива на јахтата „Сирена“ долга 133 метри која може да прими до 24 гости во 12 кабини. За неа се грижат 52 члена на екипажот, а освен хелихоптер, има и базен со морска вода, кино, сала за вежбање, библиотека, две џакузи, спа ноќен клуб, ѕид за качување…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.