| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас стои на врвот на сантата мраз

По­сред­ни­кот Ни­миц во Скоп­је на три­па­ти ка­жа де­ка иден­ти­те­тот не е пра­ша­ње за кое Обе­ди­не­ти­те на­ции и тој лич­но има­ат ман­дат да раз­го­ва­ра­ат. Спо­ред Ни­миц, иден­ти­те­тот се соз­да­ва со дејс­тва­та и со кул­ту­ра­та на еден на­род и ка­ко та­ков тој не е пред­мет на пре­го­во­ри. За жал, аме­ри­кан­ски­от дип­ло­мат со сво­јот го­вор на те­ло­то не ус­пеа да до­ка­же де­ка, на­ви­сти­на, мис­ли та­ка. Ду­ри и оби­чен гле­дач на култ­на­та аме­ри­кан­ска се­ри­ја „Ла­жи ме“ (Lie to me), кој не е спе­ци­ја­лист за го­во­рот на те­ло­то, мо­же да про­нај­де де­се­ти­на не­ло­гич­ни гри­ма­си на по­сред­ни­кот, кои со­вр­ше­но јас­но по­ка­жу­ва­ат де­ка тој се ма­чи да нѐ убе­ди де­ка иден­ти­те­тот не е те­ма на пре­го­во­ри­те

Kolumna100-1

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

На лу­ѓе­то што ги сле­дат со­стој­би­те во грч­ка­та по­ли­ти­ка во пос­лед­ни­ве три­е­се­ти­на го­ди­ни им е со­вр­ше­но јас­но зо­што на кра­јот со пре­тсе­да­ва­ње­то на ЕУ на пр­ви ју­ли во Бри­сел грч­ки­от пре­ми­ер Са­ма­рас ги пре­кр­ши си­те европ­ски и си­те дип­ло­мат­ски пра­ви­ла из­ја­ву­вај­ќи де­ка ма­ке­дон­ски­от ја­зик е из­мис­лен од ко­му­ни­сти­те, а по­доц­на и де­ка ко­му­ни­сти­те из­мис­ли­ле мно­гу дру­ги ра­бо­ти, ин­ди­рект­но по­со­чу­вај­ќи де­ка Ста­лин и дру­га­ри­те ја из­мис­ли­ле и ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, со што го ка­жа тоа што е дла­бо­ко за­ко­тве­но го грч­ка­та на­у­ка и ака­де­ми­ја.

Са­ма­рас во Бри­сел го ка­жа тоа што ка­ко офи­ци­ја­лен став го има­ат не са­мо др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции и уни­вер­зи­те­ти, ту­ку и тоа што ка­ко по­зи­ци­ја го изра­зу­ва­ат нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, јав­ни лич­но­сти од ре­до­ви­те на цр­ква­та и на вој­ска­та и ин­сти­ту­ти, кои во исто вре­ме до­де­ка се бо­рат 2.000 Гр­ци во Истан­бул да до­би­јат при­ви­ле­гии и ста­тус на грч­ко на­ци­о­нал­но мал­цинс­тво во сог­лас­ност со ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди, во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја не са­ка­ат ни да чу­јат де­ка лу­ѓе­то што жи­ве­ат ов­де има­ат пра­во да се на­ре­ку­ва­ат ка­ко што са­ка­ат.

Еден од до­ку­мен­ти­те, кој мо­же да се на­ре­че ка­мен-те­мел­ник на се­гаш­на­та офи­ци­јал­на по­зи­ци­ја во пог­лед на иден­ти­те­тот, е на­пи­шан во 1992 го­ди­на, а е над­гра­ден за вре­ме на конф­ли­ктот во 2001 го­ди­на од стра­на на не­кол­ку вид­ни грч­ки ана­ли­ти­ча­ри и на­уч­ни­ци. Не­го­ви­от на­зив е „ При­чи­ни­те зо­што нај­јуж­на­та по­ра­неш­на ју­гос­ло­вен­ска Ре­пуб­ли­ка не мо­же да ги ко­ри­сти тер­ми­ни­те’Ма­ке­до­ни­ја‘ и ’Ма­ке­до­нец‘ за да се де­фи­ни­ра се­бе­си ка­ко не­за­вис­на др­жа­ва и по­себ­на на­ци­о­нал­ност“. Во ана­ли­за­та точ­но мо­жат да се пре­поз­на­ат збо­ро­ви­те на Са­ма­рас, кој не се ни тру­де­ше да вмет­не дип­ло­мат­ска но­та во сво­ја­та из­ја­ва. Ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет е узур­пи­ран за­тоа што тој е иден­ти­тет и на Гр­ци­те, се ве­ли во ана­ли­за­та, спо­ред ко­ја Ма­ке­до­ни­ја е грч­ки збор, ма­ке­дон­ски­от ја­зик е грч­ки исто ка­ко и исто­ри­ја­та и ци­ви­ли­за­ци­ја­та на ко­ја се гра­ди ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва. И та­му се спо­ме­ну­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја е из­мис­ли­ца на Ста­лин и на Ти­то, кои ја пре­и­ме­ну­ва­ле Јуж­на Ср­би­ја во Ма­ке­до­ни­ја и тоа со две це­ли, за да ја ос­лаб­нат Ср­би­ја и за да овоз­мо­жат из­лез на Егеј­ско Мо­ре и кон­тро­ла на со­лун­ско­то при­ста­ни­ште. Крај­на­та цел, спо­ред ана­ли­за­та, е да се фор­ми­ра егеј­ска псев­до­ма­ке­дон­ска др­жа­ва, што би­ло спре­че­но од САД, кои по Вто­ра­та свет­ска вој­на се про­ти­ве­ле да се спо­ме­ну­ва ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње на сме­тка на Гр­ци­ја.

Глав­ни­те при­чи­ни зо­што Ма­ке­до­ни­ја не смее да се на­ре­ку­ва „Ма­ке­до­ни­ја“, а Ма­ке­дон­ци­те – „Ма­ке­дон­ци“, спо­ред грч­ка­та на­у­ка се след­ни­ве:

  • Ни­ту ед­на зем­ја што е дел од ге­о­граф­ски ре­ги­он не­ма пра­во да се де­фи­ни­ра сво­е­вол­но на офи­ци­ја­лен на­чин ка­ко прет­став­ник на це­ли­от ре­ги­он.
  • Со ог­лед на тоа што не­ма ма­ке­дон­ски на­род, ни­ту ед­на ет­нич­ка или по­ли­тич­ка ре­ал­ност не мо­же да ги ко­ри­сти тер­ми­ни­те „Ма­ке­до­ни­ја“ или „Ма­ке­дон­ци“, кои се од грч­ко по­тек­ло.
  • Од ан­тич­ко вре­ме Ма­ке­дон­ци­те се на­ре­ку­ва­ле при­пад­ни­ци­те на ре­ги­о­нот Ма­ке­до­ни­ја, исто ка­ко и Ати­ња­ни­те, Спар­тан­ци­те, Ки­пар­ци­те, а си­те тие би­ле Гр­ци.
  • Ко­ри­сте­ње­то на тер­ми­нот ма­ке­дон­ски, спо­ред грч­ка­та на­у­ка, мо­же да пре­диз­ви­ка те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии од со­се­ди­те, ка­ко што, на­вод­но, се слу­чи­ло во 1992 го­ди­на, ко­га Ма­ке­до­ни­ја ја пре­зе­ла ѕвез­да­та од Вер­ги­на на на­ци­о­нал­но­то зна­ме.
  • Во но­ва­та др­жа­ва не­ма хо­мо­ге­ност на на­се­ле­ни­е­то, во неа има 40-45 про­цен­ти Сло­ве­ни, 30 про­цен­ти Ал­бан­ци, 10 про­цен­ти Гр­ци, 10 про­цен­ти Ро­ми и за­тоа таа не мо­же да се на­ре­ку­ва Ма­ке­до­ни­ја.
  • Ма­ке­дон­ски­от ја­зик е грч­ки.
  • Сла­во­ма­ке­дон­ци­те на бал­ка­нот дош­ле по ше­сти век, ко­га ту­ка ве­ќе жи­ве­е­ле Ма­ке­дон­ци­те од грч­ко по­тек­ло.

Се актуелизираат стари стратегии

Слу­чај­но или не, на нас­лов­на­та стра­ни­ца на ин­тер­нет на Грч­ки­от ин­сти­тут за стра­те­ги­ски сту­дии (ХЕЛИСС) де­но­ви­ве стои текст на ви­це­ад­ми­ра­лот Ге­ор­ги­ос Де­ме­сти­кас на­пи­шан пред де­се­ти­на го­ди­ни, по­точ­но во 2003 го­ди­на. Де­ме­сти­кас, кој е по­че­сен шеф на Грч­ка­та во­е­на фло­та, во сво­ја­та ана­ли­за на ин­сти­ту­тот што има цел да се со­о­чу­ва со проб­ле­ми од стра­те­ги­ска при­ро­да во со­седс­тво­то, пи­шу­ва де­ка во од­но­си­те со Ма­ке­до­ни­ја грч­ка­та др­жа­ва тре­ба да го сле­ди иде­а­лот спо­ред кој во одре­де­ни окол­но­сти би мо­же­ла да се соз­да­де „Го­ле­ма Бу­га­ри­ја“, во ко­ја би влег­ла и Ма­ке­до­ни­ја. Грч­ки­от ад­ми­рал при­тоа ука­жу­ва де­ка ва­кви­от про­цес тре­ба да се сле­ди и до­кол­ку има по­тре­ба од тоа да се пре­зе­мат со­од­вет­ни кон­крет­ни ак­ции. Спо­ред оваа ана­ли­за, авто­но­ми­ја во За­пад­на Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од оп­ци­и­те што ги разг­ле­ду­ва­ат грч­ки­те вла­сти, кои во исто вре­ме мо­ра­ат да ги сле­дат мож­но­сти­те за кри­за во зем­ји­те на за­пад­ни­от Бал­кан, ка­де што по рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја се соз­да­ле ве­штач­ки др­жа­ви. Се раз­би­ра, спо­ред ви­со­ки­от грч­ки офи­цер, Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од нив.

Спо­ред грч­ка­та на­у­ка, Ма­ке­дон­ци­те при­па­ѓа­ат на по­ста­ри­те грч­ки пле­ми­ња, нив­ни најб­ли­ски род­ни­ни се Те­са­лиј­ци­те, од­нос­но Маг­не­зиј­ци­те со кои го де­лат еол­ско­то по­тек­ло. Ма­ке­дон­ски­от ја­зик, спо­ред ана­ли­за­та за ко­ја, очиг­лед­но, се др­жи и Са­ма­рас, е еден од по­ста­ри­те грч­ки ди­ја­ле­кти и има за­ед­нич­ки ко­ре­ни со ар­ка­ди­ски­от, ки­пар­ски­от и ми­кен­ски­от ди­ја­лект. Во оби­дот да се до­ка­же де­ка Ма­ке­до­ни­ја има са­мо Грч­ки ка­ра­ктер грч­ки­те на­уч­ни­ци на­ве­ду­ва­ат де­ка во Ста­ри­от за­вет Ма­ке­дон­ци­те и Гр­ци­те се при­ка­жу­ва­ат ка­ко еден на­род, при­тоа не ка­жу­вај­ќи де­ка, ка­ко се­га анг­ли­ски­от ја­зик, то­гаш си­те по­стој­ни на­ро­ди и ци­ви­ли­за­ции ка­ко ко­му­ни­ка­ци­ски код го ко­ри­сте­ле грч­ки­от ја­зик.

Kolumna100-2

По си­те овие де­лум­ни или це­лос­ни не­бу­ло­зи, јас­но е де­ка не са­мо Са­ма­рас, ту­ку и си­те дру­ги грч­ки по­ли­ти­ча­ри во ид­ни­на ќе би­дат со слич­ни по­зи­ции. На­вод­ните на­уч­ни­ до­ку­мен­ти што ги пре­зен­ти­ра­ат грч­ки­те по­ли­ти­ча­ри и на­уч­ни­ци се тол­ку дла­бо­ко вко­ре­не­ти во грч­ки­от жи­вот што е не­ве­ро­јат­но да се оче­ку­ва де­ка на­ско­ро, со те­мел­на про­ме­ни во обра­зо­ва­ни­е­то, ме­ди­у­ми­те и на­у­ка­та, Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се на­де­ва на про­ме­ни што ќе до­ве­дат до ре­ше­ние на спо­рот. Ед­но­став­но, за­се­га кај јуж­ни­от со­сед не­ма ни­ка­ков по­тен­ци­јал да приз­нае де­ка се ра­бо­ти за мит, кој од пра­ктич­ни те­ри­то­ри­јал­ни и кул­тур­ни при­чи­ни спре­чу­ва це­ла ед­на на­ци­ја во неј­зи­ни­от ци­ви­ли­за­ци­ски раз­вој.

Ако не сте пос­луш­ни ќе ви ја од­зе­ме­ме и Ма­ке­до­ни­ја

Во ана­ли­за под­го­тве­на ми­на­та­та го­ди­на од стра­на на Грч­ка­та фон­да­ци­ја за европ­ска и за над­во­реш­на по­ли­ти­ка (ЕЛИАМЕП), ко­ја се сме­та за ед­на од најв­ли­ја­тел­ни­те на­уч­ни ин­сти­ту­ции, офи­ци­јал­на Ати­на ди­рект­но се за­ка­ну­ва де­ка до­кол­ку Скоп­је не се отка­же од, спо­ред нив, ма­кси­ма­ли­стич­ки­те ба­ра­ња, то­гаш под вли­ја­ние на грч­ка­та ди­јас­по­ра ду­ри и тер­ми­нот Ма­ке­до­ни­ја не­ма да би­де при­фат­лив во евен­ту­ал­но ком­про­мис­но име. Фон­да­ци­ја­та ЕЛИАМЕП, пре­ку ко­ја тво­ре­цот на грч­ка­та стра­те­ги­ја за име­то, про­фе­со­рот Еван­ге­лос Ко­фос, со­вет­ник на не­кол­ку грч­ки пре­ми­е­ри, це­ли две де­це­нии ја тур­ка­ше аген­да­та за не­по­сто­е­ње ма­ке­дон­ска на­ци­ја, и де­нес ва­жи за гла­вен ре­со­рен цен­тар од кој грч­ка­та по­ли­ти­ка цр­пи на­уч­ни ар­гу­мен­ти за сво­и­те шо­ви­ни­стич­ки дип­ло­мат­ски те­зи. Спо­ред нив, и по­крај јас­но­то грч­ко исто­ри­ско пра­во на тер­ми­нот Ма­ке­до­ни­ја и на не­го­ви­те де­ри­ва­ти, Ма­ке­до­ни­ја са­ка екск­лу­зив­ност во име­ну­ва­ње на ја­зи­кот, ен­ти­те­тот и име­то на зем­ја­та. ЕЛИАМЕП во ед­на од сво­и­те ана­ли­зи, кои ги ко­ри­сти и се­гаш­ни­от ли­дер Са­ма­рас, ве­ли де­ка во оби­дот да го ос­тва­ри сво­е­то пра­во на са­мо­и­ден­ти­фи­ка­ци­ја, Скоп­је не приз­на­ва ни­ка­ква дру­га ва­ри­ја­ци­ја на ма­ке­до­низ­мот и со тоа ги узур­пи­ра пра­ва­та на со­сед­ни­те зем­ји Бу­га­ри­ја , Ал­ба­ни­ја и, осо­бе­но, Гр­ци­ја.

 

(објавено во 100. број на неделникот „Република“, 1.08.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top