| четврток, 6 декември 2018 |

И на Вашингтон му е јасно кој прави проблем во Белград

Де­се­ти­на де­на отка­ко скоп­ски­от апе­ла­ци­ски суд ја по­твр­ди три­го­диш­на­та каз­на за­твор за срп­ски­от ег­зарх Вра­ни­шков­ски, аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент го об­ја­ви из­ве­шта­јот за вер­ски сло­бо­ди. Во не­го са­мо по­врш­но се спо­ме­ну­ва со­стој­ба­та со не­ре­ги­стри­ра­на цр­ква на Јо­ван, не­го­ва­та за­твор­ска каз­на, поп­ла­ки­те од не­го­ви­те при­вр­за­ни­ци, но и ре­ак­ци­ја­та на МПЦ–ОА, спо­ред ко­ја проб­ле­ми­те на Вра­ни­шков­ски се од прав­на при­ро­да и не­ма­ат ни­ка­ква вр­ска со актив­но­сти­те на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Со тоа се до­би­ва впе­ча­ток де­ка и аме­ри­кан­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја уви­де де­ка срп­ски­от вла­ди­ка е ве­ќе ми­на­то на кое не тре­ба да му се да­ва по­себ­но вни­ма­ние. Спо­ред поз­на­ва­чи на со­стој­би­те во по­ли­тич­ко–цр­ков­ни­те кру­го­ви, тоа се дол­жи на фа­ктот што уви­дот што го на­пра­ви­ле стран­ски­те наб­љу­ду­ва­чи во суд­ски­от про­цес про­тив не­го и не­го­ви­те при­вр­за­ни­ци по­ка­жал де­ка, на­ви­сти­на, се ра­бо­ти за фи­нан­си­ски кри­ми­нал те­жок 21 ми­ли­он де­на­ри или ре­чи­си 350.000 евра

Tema100-1

До­пол­ни­тел­но, Јо­ван во зем­ја­ва ве­ќе не­ма по­ве­ќе од сто под­др­жу­ва­чи, а не­го­ви­те и та­ка сла­би по­зи­ции се на­ру­ше­ни и во нај­ви­со­ки­те кру­го­ви на Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква и во бло­кот грч­ки цр­кви, кои сфа­ти­ја де­ка се про­пад­на­ти нив­на­та дол­го­го­диш­на фи­нан­си­ска и ре­ли­ги­ска ин­ве­сти­ци­ја и оби­дот да се раз­не­би­ти Ма­ке­дон­ска­та цр­ква.

Тоа што е но­во во из­ве­шта­јот на Ва­шин­гтон е про­ме­на­та на ста­вот кон Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква во од­нос на приз­на­ва­ње­то на МПЦ–ОА. Ана­ли­ти­ча­ри­те на Стејт де­парт­мен­тот не са­мо што во сво­и­те ана­ли­зи ја кри­ти­ку­ва­ат срп­ска­та др­жа­ва за под­др­шка­та што ѝ ја да­ва на СПЦ при не­ги­ра­ње­то на Ма­ке­дон­ска­та и на Цр­но­гор­ска­та цр­ква, ту­ку одат и че­кор по­та­му на­ве­ду­вај­ќи де­ка пог­ла­ва­рот на СПЦ Ири­неј е автор на спор­ни­те ква­ли­фи­ка­ции за МПЦ да­де­ни ла­ни во Ниш за вре­ме на со­бир на пра­вос­лав­ни­те цр­кви.

 

Страз­бур сè уште не об­ја­ву­ва што пре­су­ди за срп­ски­от ег­зарх

Иа­ко уште на сре­ди­на­та на мај дел од ма­ке­дон­ски­те и од срп­ски­те ме­ди­у­ми об­ја­ви­ја де­ка Су­дот за чо­ве­ко­ви пра­ва во Страз­бур до­нел од­лу­ка де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе тре­ба да ја ре­ги­стри­ра вер­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја на Јо­ван, до­се­га не­го­ви­те при­вр­за­ни­ци не се по­фа­ли­ја со пре­су­да­та спо­ред ко­ја до­кол­ку, на­ви­сти­на, тоа е та­ка ка­ко што ин­фор­ми­раа нив­ни­те бра­ни­те­ли, Ма­ке­до­ни­ја го за­гу­би­ла спо­рот. Во­о­би­ча­е­но два и пол ме­се­ца од до­не­су­ва­ње­то на пре­су­да­та се до­вол­ни за да би­де об­ја­ве­на. Дел од до­маш­ни­те ана­ли­ти­ча­ри ве­лат де­ка, се­пак, ме­сто да им се ве­ру­ва на ад­во­ка­ти­те на Вра­ни­шков­ски, тре­ба да се по­че­ка со офи­ци­јал­на­та вер­зи­ја на пре­су­да­та од Страз­бур за точ­но да се ви­ди што ќе со­др­жи таа. Поз­на­ва­чи на про­це­сот твр­дат де­ка, се­пак, во пре­су­да­та ќе има ни­за прав­ни об­јас­ну­ва­ња, кои не одат во при­лог на Вра­ни­шков­ски. Име­но, спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те од Страз­бур, на­ши­те из­во­ри ве­лат де­ка срп­ски­от ег­зарх не ус­пе­ал да го убе­ди су­дот во ни­за од сво­и­те твр­де­ња, осо­бе­но во де­лот око­лу сим­бо­ли­те и вер­ска­та про­гра­ма, кои би­ле иден­тич­ни со тие на МПЦ–ОА и по­ра­ди тоа ду­ри и за су­ди­и­те во Страз­бур би­ло чуд­но да се фор­ми­ра но­ва вер­ска ор­га­ни­за­ци­ја, ко­ја е иден­тич­на со ве­ќе по­стој­на­та приз­на­та пра­вос­лав­на цр­ков­на ор­га­ни­за­ци­ја во зем­ја­ва.

 

Во из­ве­шта­јот за се­вер­ни­от со­сед Аме­ри­кан­ци­те за­бе­ле­жаа де­ка др­жа­ва­та Ср­би­ја од­би­ва да ги приз­нае две­те пра­вос­лав­ни цр­кви на др­жа­ви­те што дол­го вре­ме беа под ју­рис­дик­ци­ја на СПЦ, а кои се от­це­пи­ја во 1991 го­ди­на од Бел­град. Не­во­о­би­ча­е­но за еден офи­ци­ја­лен из­ве­штај, во не­го се пре­не­су­ва не­фор­ма­лен из­вор во Ми­ни­стерс­тво­то за вер­ски пра­ша­ња во Бел­град од ка­де што се приз­на­ва де­ка Ср­би­ја не са­ка да ги приз­нае Ма­ке­дон­ска­та и Цр­но­гор­ска­та цр­ква за­тоа што со тоа и срп­ска­та вла­да ќе ста­не­ла дел од вна­треш­ни­от конф­ликт и шиз­ма­та во СПЦ.

Аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент, кој се­ко­ја го­ди­на ги ана­ли­зи­ра и ко­мен­ти­ра со­стој­би­те во све­тот по­вр­за­ни со вер­ски­те сло­бо­ди и пра­ва и нај­че­сто при­тоа се во­ди од офи­ци­јал­ни из­во­ри и из­ја­ви на прет­став­ни­ци на цр­кви­те и на ад­ми­ни­стра­ци­и­те во зем­ји­те за кои се од­не­су­ва из­ве­шта­јот, овој пат ди­рект­но, без ни­ка­кви кон­крет­ни до­ка­зи или из­ја­ви, го об­ви­ни срп­ски­от пог­ла­вар, па­три­јар­хот Ири­неј, де­ка се впу­штил во фал­си­фи­ку­ва­ње јав­на из­ја­ва со ко­ја се на­вре­ду­ва и ома­ло­ва­жу­ва МПЦ–ОА. Спо­ред из­ве­шта­јот, не­ма ни­ка­кви ди­ле­ми де­ка ток­му па­три­јар­хот Ири­неј е чо­ве­кот што на­ло­жил за вре­ме на ни­шка­та прос­ла­ва „17 ве­ка од приз­на­ва­ње на хри­сти­јанс­тво­то“ да се сме­ни пре­во­дот на па­три­јар­хот Вар­то­ло­меј, при што МПЦ-ОА бе­ше прог­ла­се­на за псев­до­цр­ков­на ор­га­ни­за­ци­ја. Че­ти­ри де­на по об­ја­ву­ва­ње­то на из­ве­шта­јот во не­го сè уште стои де­ка из­ја­ва­та ја дал пог­ла­ва­рот Ири­неј, а не вла­ди­ка­та Ири­неј Бач­ки, кој го пре­ве­ду­ва­ше го­во­рот на Вар­то­ло­меј. Со тоа Ва­шин­гтон, пра­ктич­но, му упа­ту­ва по­ра­ка на срп­ски­от пог­ла­вар де­ка све­тот знае кој е тој што ги соз­да­ва проб­ле­ми­те со со­сед­ни­те цр­кви.

Со ко­мен­та­рот во де­лот за Ср­би­ја, спо­ред кој офи­ци­ја­лен Бел­град од­би­ва да ги приз­нае Ма­ке­дон­ска­та и Цр­но­гор­ска­та цр­ква, САД, всуш­ност, да­ва­ат ед­на но­ва рам­ка и нов кон­текст на цр­ков­ни­от спор. Со отво­ра­ње­то на пра­ша­ње­то зо­што Бел­град не са­ка да ја приз­нае МПЦ–ОА, всуш­ност, се да­ва и од­го­вор зо­што Ма­ке­до­ни­ја од­би­ва да ја ре­ги­стри­ра гру­па­та на Вра­ни­шков­ски. Иа­ко на­ви­дум се ра­бо­ти за две раз­лич­ни си­ту­а­ции, се­пак су­шти­на­та на проб­ле­мот е иста, и две­те цр­кви, и СПЦ и МПЦ–ОА ја бра­нат сво­ја­та по­зи­ци­ја ка­ко до­ми­нант­ни пра­вос­лав­ни цр­кви во сво­ја­та зем­ја.

 

Во де­лот за Ма­ке­до­ни­ја

Во об­ја­ве­ни­от из­ве­штај за вер­ски сло­бо­ди во Ма­ке­до­ни­ја Стејт де­парт­мен­тот на­ве­ду­ва де­ка Уста­вот и за­ко­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја га­ран­ти­ра­ат сло­бо­да на ве­ро­ис­по­вед и вла­да­та, ге­не­рал­но, ги по­чи­ту­ва вер­ски­те пра­ва и сло­бо­ди. Се на­ве­ду­ва де­ка дел од по­ма­ли­те вер­ски за­ед­ни­ци има­ат за­бе­ле­шки упа­те­ни кон МПЦ и ИВЗ. За МПЦ, за­бе­ле­шка­та е де­ка е при­ви­ле­ги­ра­на во пог­лед на вра­ќа­ње­то на имо­тот од­зе­мен во вре­ме­то на ко­му­низ­мот и во до­би­ва­ње­то средс­тва за из­град­ба на вер­ски об­је­кти. За ИВЗ за­бе­ле­шка­та е де­ка до­би­ла др­жав­на по­мош за да ги одо­бру­ва ап­ли­ка­ци­и­те за ви­зи по­треб­ни за оде­ње на аџи­лак во Са­у­ди­ска Ара­би­ја за кои нап­ла­ќа­ла по 400 евра.

За­бе­ле­жан е и спо­рот на Бе­кте­шка­та за­ед­ни­ца на Ма­ке­до­ни­ја про­тив Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца за об­је­ктот Ара­ба­ти-ба­ба те­ќе во Те­то­во. Во из­ве­шта­јот се оце­ну­ва де­ка тоа што Бе­кте­шка­та за­ед­ни­ца сè уште не­ма приз­нат ста­тус во Ма­ке­до­ни­ја ја оне­воз­мо­жу­ва во во­де­ње­то на спо­рот за те­ќе­то во Те­то­во.

 

(објавено во 100. број на неделникот „Република“, 1.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top