| четврток, 6 декември 2018 |

Црквата забрани да се организира пивтијада

Пивтијадите се радост за обичниот човек, но Црквата се заканува со анатема доколку се организираат вакви настани. Одржувањето на традиционалната Пивтијада во Руменка, во близина на Нови Сад е одложено по предупредувањето на епископот бачки Иринеј. Тој се заканил дека ќе ги анатемиса организаторите ако ја организираат оваа пганска манифестација за време на големиот велигденски пост.
Поради постот претходно била одложена војводинската куленијада.
Организаторите се свесни дека е пост и дека е веќе топло за пивтијада, но бараат оправдување дека зимата била многу долга и студена и никој немало да дојде на пивтијада на 20 степени под нула.
Сепак, иако се откажале за да не ја налутат црквата, организаторите се лути и велат дека кога веќе за сѐ се прашуваат поповите, најдобро да излезат на избори.
„Доколку ја организирате оваа паганска манифестација за време на постот, православната бачка епархија ќе објави соопштение и ќе ги повика верниците да застанат во одбрана на светиот пост. За време на пивтијадата капијата на црквата ќе биде затворена, а од камбаната на половина час ќе се огласува камбани за покојник“, пишува Иринеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top