Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во мечот од 3. коло на мастерс-турнирот 1000 во Торонто загуби од Французинот Жо Вилфред Цонга со 2-0.
Противникот ги доби двата сета со 6:2 во гемови и тоа за него беше само шеста победа против Ѓоковиќ, а има вкупно 18 порази во меѓусебните дуели.
Турнирот заврши и за четвртиот светски рекет Станислас Вавринка, кој загуби од Кевин Андерсон со 2:0 во сетови. Третото коло беше последно и за Томаш Бердих, кој загуби од Фелицијано Лопез со 2:1.
Пласман во четврт-финалето избори Енди Мареј без борба, додека Григор Димитров го победи Томи Робредо, а Давид Ферер го совалада Иван Додиг. Во следната рунда последен се пласира Рожер Федерер со триумфот над Марин Чилиќ со 2:1 во сетови.
На женскиот турнир што се игра во Монтреал заврши настапот за Марија Шарапова, која загуби од Суарез Наваро со 2:1, а со истиот резултат Јелена Јанковиќ беше поразена од Коко Вандервеге.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


