| четврток, 6 декември 2018 |

Реализиран проектот „Зад кулисите“ во МОБ

На работилницата присуствуваа 15 мајстори за светло и техничари од повеќе театарски куќи од Македонија, а дел од нив првпат имаа можност да добијат формална обука за работа со светло и да го поврзат процесот на дизајн на светло со останатите елементи од продукцијата на едно сценско-уметничко дело.

svetlo na scena

Во просториите на Македонска опера и балет минатата недела се одржа тридневна работилница за технички вештини и способности за дизајн и продукција на светло во рамки на проектот „Зад кулисите“ на Британски совет во Македонија.
На работилницата присуствуваа 15 мајстори за светло и техничари од повеќе театарски куќи од Македонија. Дел од учесниците првпат имаа можност да добијат формална обука за работа со светло и да го поврзат процесот на дизајн на светло со останатите елементи од продукција на едно сценско-уметничко дело.
Работилницата ја водеше Мајкл Мењон од Велика Британија, проектант на осветлување, кој има преку 20 години искуство во проектирање на осветлување.
Оваа работилница е дел од програмата за развој на креативните индустрии во Македонија и јакнење на вештините на креативните практичари од различни сектори.
„Зад кулисите“, пак, е регионален проект на Британски совет, во кој се вклучени 12 земји од регионот и се реализира изминативе две години. Проектот опфаќа серија работилници и семинари во различни области за професионалци кои се дел од продукцијата на уметнички и сценски дела.
Оваа работилница Британски совет ја реализира во соработка со Македонска опера и балет од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top