Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер потврди дека Манчестер јунајтед испратил понуда за Томас Вермален, но и дека негова желба е Белгиецот да го продаде на тим од друга лига.
Вермален се наоѓа на мета на Јунајтед и Барселона, но и покрај тоа што „ѓаволите“ нудат 15, а Каталонците 12 милиони, Венгер сепак би го продал на „Ноу Камп“.
– Јунајтед е еден од заинтересираните тимови за Вермален. Сепак, имаме понуда и од еден друг клуб кој не е од Премиерлигата, на кого би го продал. Тешко дека ќе можеме да го задржиме, но ќе видиме. Најверојатно е дека Вермален ќе си оди – изјави Венгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


