
Вкупно 932 лица досега умреле од ебола, објави светската здравствена организација. По смртта на медицинската сестра во Нигерија, и бизнисменот во Саудиска Арабија кој се заразил при посетата на Сиера Леоне, нов заболен од ебола е шпански свештеник кој работел во болница во Либерија. Со ова Шпанија стана втората западна земја во која е примено заболено лице од ебола.
Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Серлив прогласи вонредна состојба во земјата поради епидемија на смртоносната ебола и предупредила дека неопходни се вонредни мерки „за опстанок на државата“.
Потврдено е дека дополнително уште 1.711 лица се инфицирани од овој вирус, од кои најголем број во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Светската здравствена организација повикала итна седница зад затворени врати во Женева на која би требало да се донесе одлука дали ќе биде прогласена меѓународна криза.
Во главниот град на Либерија, Монровиј, телата на жртвите од ебола оставени се да лежат по градските улици или во домовите и не се закопуваат. Во Сиера Леоне, каде има и најголем број потврдени случаи на заразени со ебола, 800 војници, меѓу кои и 50 воени медицински сестри, ја обезбедуваат болницата и клиниките во кои се лечат пациенти заболени од ебола, изјавил портпаролот на војската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


