| четврток, 6 декември 2018 |

Се менува песната што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“

Песната што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“ оваа година ќе претпри измени и доработка во однос на текстот и на аранжманот, реши денеска Македонската радио-телевизија, заедно со евровизиските претставници

19
Одлуката за измени и за доработка на песната дојде како резултат на јасно изнесените ставови и на конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството, кои го кажаа својот став во однос на песната, стои во соопштението на МРТ.

Оттаму нагласуваат дека овие чекори се дел од регуларната и редовна процедура и дека ќе направат сè за да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект. Како носител на лиценцата за евровискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и за промена на комплетниот евровизиски пакет, сè до крајниот термин, 18 март оваа година, кога истиот треба да се предаде на ЕБУ.

– Уште еднаш нагласуваме дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видеозаписот на песната, но сметаме дека видеозаписот направен од „Егизт Б продукција“ не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него. МРТ ниту го ставила, ниту го отстранила видеозаписот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од него – стои во соопштението.

МРТ се  оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста за инволвираноста на јавниот сервис во идејното решение и реализација на видеозаписот и сериозно размислува за почнување постапка за заштита на интерсите и интегритетот на јавниот радиодифузен сервис.

Овие чекори се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top