Во наредните десет дена сите евидентирани невработени лица имаат можност да се пријават за мерките за самовработување преку кредитирање, кредитирање за отворање нови работни места во постоечки компании, кредитирање за самовработување млади лица до 29-годишна возраст, како и кредитирање работни места во фирми за млади до 29 годишна возраст.
– За делот самовработување со кредитирање имаме можност за финансирање т.н. мали бизниси односно бизниси од поголем обем каде што средствата се движат меѓу три до пет илјади евра за носителот, односно да се здружат три до пет лица на еден проект, со тоа што максималниот износ на средства, дококу тие лица што се здружуваат се корисници на паричен надоместок од стечај, ликвидација и технолошки вишок е 21.000 евра, појасни на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски.
Додаде дека доколку се работи за млади лица до 29-годишна возраст почетниот износ на средства е 7 илајди евра за носителот и по 4 илјади евра за секој нареден, а вкупно средства коишто можат да се добијат се 23 илјади евра. Кредитот, рече Поповски, го добиваат на седум години со грејс период од една и пол година. Каматната стапка за сите кредити е 1 процент.
– За компаните кои сакаат да се прошират постои мерката за дополнителни вработувања.Тие може да вработат до три лица, дококу се на 29-годишна возраст изнесуваат по три илјади за секое лице, максимум 9 илјади евра за вработување три лица. Првата година им е грејс период, а имаат потоа две години да ги вратат средствата, истакна директорот на АВРМ.
Доколку се работи за млади лица, додаде, износот на средства кои компанијата ги одбива за едно вработување е 4 илјади евра, односно 12 илјади евра максимум за вработување три лица.
– Ние ќе се обврзиме да го завршиме огласот некаде пред 27 јуни за лицата кои ќе ги добијат овие кредити да може да се регистрираат преку проектот „Македонија вработува два“ и да бидат ослободени од придонеси во наредните три, односно пет години, истакна директорот на АВРМ Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.