| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Есма: Последниот пат ми рече само„ Чувај се“!

Есма Реџепова почина на 11 декември на 74 годишна возраст. Славната пејачка со ангелски глас и уште поубава по душа зад себе остави богат музички реперотар, но и 48 посвоени деца, меѓу кои и само една ќерка.

Токму таа, наследничката на Есма, Елеонора Мустафовска ја отвори душата за јавноста и проговори за својта мајка.

– Последниот пат се слушнавме кога мама беше примена во болница. После повеќе не можеше да збори бидејќи беше на интензивна нега. Последниот пат ми рече само: „ Чувај се“… Сите ние останавме изненадени од нејзината смрт. Секогаш беше здрава, поќинма две недели откако се разболе од бронхопнеумонија, со солзи во очите рекла 25-годишната Елеонора.

Низ зборовите наследничката на Есма јасно се гледа колку и недостасува својата мајка.

– Не само што ме начи да пеам, ми помогна да ја најдам смислата за живот. Горда сум што ја имав покрај себе. Ме научи на хуманост и како едно големо срце може да внесе светлост во сечиј живот, вели Елеонора која Есма ја запознала во 2002 година, на аудицијата на која Есма ја одбирала својата музичка наследничка.

– Меѓу многубројните девојчиња јас најмногу и се допаднав, а во 2009 година ме посвои. Беше прекрасно да се живее во толку големо семејство, заклучува Елеонора која благодарение на нејзината мајка завршила на академијата во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top