Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ во изјава за еден српски медиум ја опиша тагата и болката што ја чувствува по смртта на легендарната Есма Реџепова. Бројни познати личности од целиот регион се опростија од пејачката со големо срце, а меѓу нив и Тијана.
-Есма и јас го имавме најпрекрасното пријателство. Веста за нејзината смрт ме погоди. Многу ми е жал. Македонија многу изгуби со нејзиното заминување. Можеше да поживее уште години. Баш рано замина, изјавува Тијана и додева по што ќе ја памети кралицата на ромската музика Есма:
– По тоа дека ме научи како се дише во текот на пеењето. Можам да кажам дека таа беше еден од моите музички учители. Никогаш не запеавме во дует, но многупати имавме прилика да настапуваме заедно. Работевме на турнеи низ Македонија пред многу години. Имаше душа како Русија. Навистина беше прекрасна. Постојано сакаше да помогне секому, да излезе во пресрет, да каже убав збор, вели Тијана Дапчевиќ.
Инаку, Есма зад себе остави 47 деца, учествуваше во бројни хумани акции и концерти. Беше позната низ целиот свет и ја носеше титулата национален уметник на Македонија. Големата македонска ѕвезда почина на 73 години по кусо боледување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.