| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто го сакам Скопје

Mojso_Mojsovski_90

Колумнист: Мојсо Мојсовски

Сè по­че­сто и сè по­ве­ќе се фа­ќам се­бе­си во раз­мис­лу­ва­ње за лич­на­та ди­ле­ма – на кое скоп­ско ма­а­ло му при­па­ѓам, не се­га, ту­ку, што би се рек­ло – по по­тек­ло? По сув цен­тар, па Де­бар ма­а­ло, Ци­ган ма­а­ло, зем­јо­тре­сот нè фр­ли во Ки­се­ла Во­да, во Би­ра­ри­ја, ка­де што си­те че­тво­ри­ца се ши­рев­ме во ед­на шу­па че­ти­ри на че­ти­ри, че­кај­ќи да ни се за­вр­ши мон­таж­ни­от стан во Та­фта­ли­џе, ка­де што жи­ве­е­ме и ден де­нес. Ме­ѓу­тоа, најм­но­гу љу­бам да се на­ре­ку­вам се­бе­си де­бар­ма­а­лец, сме­тај­ќи де­ка и мо­е­то се­гаш­но пре­би­ва­ли­ште му при­па­ѓа на Де­бар ма­а­ло, иа­ко ту­ка беа са­мо бав­чи и ово­штар­ни­ци, ка­де што ние де­чи­шта се нас­ла­ду­вав­ме со укра­де­но овош­је бе­гај­ќи од чу­ва­рот Ша­кир…

Ме­ста­та, ка­де што са­кам да по­ми­ну­вам и да пре­сто­ју­вам во сло­бод­но вре­ме во гра­дот што не би го ме­ну­вал за ни­ту еден друг на све­тот се Вар­дар и не­го­ви­от пре­кра­сен кеј, за­ед­но со нај­но­ва­та па­те­ка за ве­ло­си­пе­ди и за ро­ле­ри. Ов­де до­а­ѓам со то­чак се­којд­нев­но, ед­но­став­но де­нот не ми по­ми­нал ус­пеш­но ако не сум бил ма­кар и на кра­тко на не­го­ви­от брег. Ту­ка на­о­ѓам мир и воз­бу­да од сред­би­те со мо­и­те не­ко­гаш­ни и се­гаш­ни дру­га­ри и при­ја­те­ли. До­а­ѓа­ат од раз­лич­ни при­чи­ни – не­кои од здрав­стве­ни, не­кои од естет­ски, а не­кои, ка­ко ме­не – од на­ви­ка и од жел­ба за дру­же­ње.

Па­тот, по­тоа, ме во­ди од кај Жа­ба­рот, до пло­шта­дот. По ке­јот „13 Но­ем­ври“ ќе дој­дам до Ма­џир ма­а­ло или ако скрш­нам пре­ку мо­стот до Пај­ко ма­а­ло и ќе по­се­дам кај Мрaвка во „Ал­тан“…
Се вра­ќам во се­ќа­ва­ња­та на Џа­фте кор­зо, ка­де што ма­џир­ма­ал­ки до­а­ѓаа на на­ла­ни за да би­дат киб­на­ти или да киб­нат не­ко­го и тр­ча­ни­ца на­зад до­ма под буд­но­то око на та­тко­то или на по­ста­ри­от брат…
По­крај Уред и згра­да­та на пар­ла­мен­тот по­втор­но на пло­штад – до „Кај Фу­фо“, не­ко­га­шен „Пе­ли­стер“, ка­де што мо­ра­ше ба­рем ед­наш во де­нот да се дој­де на ка­фе или на по­пол­ну­ва­ње ти­кет на спорт­ска или на ло­то..

Од ле­во оста­ну­ва тоа што сè уште стои од хо­тел „Ма­ке­до­ни­ја“, пред кој дреж­дев со са­а­ти со друш­тво­то. Со го­ди­ни на кор­зо­то про­да­вав­ме че­сти­тки за Но­ва го­ди­на или, пак, цве­ќе за 8 Март. Скуд­ни­те џе­пар­ла­ци до ди­нар беа по­тро­ше­ни во ста­ра­та „Ма­ке­до­ни­ја“, трош­на ба­ра­ка со мно­гу чо­веч­ка топ­ли­на, со го­сти од раз­ли­чен со­став – сту­ден­ти, ра­бот­ни­ци, ди­ре­кто­ри на ге-ге прет­при­ја­ти­ја, до сом­ни­тел­ни жен­ски, а нај­че­сто кај Јо­ле и По­чу, во „Клу­бот на пи­са­те­ли“.

Кру­гот на култ­ни­те ме­ста на при­јат­ни­те се­ќа­ва­ња и спо­ме­ни скрш­ну­ва по не­кол­ку аг­ли на ква­дра­тот по скоп­ски­те ко­ти – ка­фе­а­на­та „Зо­ра“ во Ко­ло­ни­ја, кај Су­та и во „Бо­е­ми“, „Ида­ди­ја“ и ста­ди­о­нот, Учи­тел­ска­та шко­ла и кал­др­ма­та по ко­ја се труц­каа пр­ви­те авто­бу­си 1 и 2 на град­ски­от со­о­бра­ќај на два ка­та, Зо­о­ло­шка­та гра­ди­на, улич­ки­те и ку­ќич­ки­те во Де­бар ма­а­ло, ка­де што играв­ме фан­та и фуд­бал ви­кто­ри­ја.
Ве­ро­јат­но се­кој си го са­ка сво­јот ро­ден град, па не гле­дам при­чи­на јас да би­дам не­ка­ков иск­лу­чок. Поз­на­вам мно­гу­ми­на што, ед­но­став­но, ту­ка са­мо ја­дат, пи­јат, ра­бо­тат, а гра­дот го мра­зат. Не знам зо­што? Всуш­ност, знам, но не би са­кал да збо­ру­вам за тоа.

Јас го са­кам за­што ту­ка се си­те што ги са­кам и по­чи­ту­вам – дру­га­ри и при­ја­те­ли. За жал, и по не­кој гроб, на бли­зок, при­ја­тел, дру­гар… Ги са­кам ми­риз­ба­та и сја­јот на Вар­дар во ле­то, не­го­ва­та бу­ча­ва на­е­сен и на­про­лет, ко­га е пре­полн со мат­на во­да што ја но­си од Ша­ра и од Тре­ска. Ги обо­жу­вам ли­пи­те на Пар­ти­зан­ска, ко­сте­ни­те око­лу Ида­ди­ја, то­по­ли­те на­кај Ста­ди­он. Го са­кам Скоп­је за­тоа што ту­ка ја срет­нав мо­ја­та нај­го­ле­ма љу­бов, којa со вре­ме ста­на мај­ка на две пре­крас­ни ќер­ки, а и тие три­те не­из­мер­но го са­ка­ат род­ни­от град по­крај Вар­дар. Ко­га ста­ну­ва збор за Скоп­је, љу­бо­вта кон не­го ста­ну­ва нас­лед­на осо­би­на и фе­но­мен.

За­се­га, не мо­жам да ви­дам друг град на Зем­ји­на­та топ­ка со пер­фор­ман­си што ја за­до­во­лу­ва­ат мо­ја­та пре­бир­ли­вост да го поч­нам и да го за­вр­шам жи­во­тот – а и да го тро­шам – со си­те не­го­ви ма­а­ни и не­до­ста­то­ци. Ед­но­став­но, тоа е Скоп­је. Мо­е­то Скоп­је!

(објавено во 16. број на неделникот „Република“, 21.12.2012)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top