Новак Ѓоковиќ по десетти пат го победи Гаел Монфис, но овојпат се намачи и мораше да игра и три сета и тај-брејк за да се пласира во третото коло на мастерс турнирот во Торонто.
Во првиот меч, откако се ожени, Новак одигра послабо од вообичаените претстави на „Роџерс купот“, што го има освоено трипати, но сепак победи.
Првиот сет го доби со 6-2, а потоа се играше на двапати во тај-брејк. Во првиот обид Монфис беше поуспешен, акога беше најпотребно, Ѓоковиќ беше посмирен и по десетти пат во исто толку мечеви го победи Монфис. Сепак како потег на натпреварот ќе остане „твинерот“ на францускиот ас во вториот сет. Ударот меѓу нозе со рекетот одзади е суператрактивен, а и поенот му припадна на Монфис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


