| четврток, 6 декември 2018 |

За натпреварот Македонија – Израел влезници само со лична карта

mkd izrael

Фудбалската федерација на Македонија в петок ќе ги пушти во продажба билетите за дуелот на младата репрезентација (до 21 година) против врсниците од Израел во квалификациите за Европското првенство 2015.

Влезниците ќе можат да се купуваат единствено во просториите на ФФМ комплекс „Куќа на фудбалот“ по цена од 100 денари и тоа само со приложена лична карта.

– Важна напомена е тоа што едно лице ќе може да купи еден билет исклучиво со приложена лична карта. Останати документи нема да бидат земени во предвид. За малолетници (без лична карта) ќе гарантираат родителите/старателите и единствено со родителот/старателот ќе можат да влезат на стадион. На денот на натпреварот вратите на Националната арена „Филип Втори“ ќе бидат отворени за влез од 18 часот, а ќе се затворат во 19:45 часот. Сите посетители на натпреварот со себе треба да имаат лична карта која ќе треба да ја приложат на самиот влез, заедно со билетот, соопштуваат од ФФМ.

Средбата Македонија – Израел ќе се одржи на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје на 13 август со почеток од 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top