Познатиот рапер Едо Мајка и неговото семејство преживеале вистинска драма, a тој и по вторпат во животот морал да бега од своето семејно огниште, пишува босаски „Аваз“.
Музичарот кој во последните неколку години живее во Израел морал да ја евакуира својата ќерка Јасмин и сопругата Лила од Тел Авив поради војната во појасот Газа.
– Едо мораше буквално да бега од станот за да не ги убијат. Одлуката ја донел преку ноќ, а со себе ги понел само неопходните работи. Никој во моментот нема контакт со него. Тој инаку треба да настапи на „Пивофест“ во Белград кој е планиран за следната сабота, пренесува весникот, кој додава дека раперот своето семејство го сместил во Загреб.
Раперот во 1992 година побегнал од село во близина на Брчко во Хрватска. Како и многу други луѓе во војната, Едо пребегнал со камион и отишол во Задар, а потоа во Загреб си создал нов дом.
Музичарот во 2012 година во Хрватска се венчаше за својата сегашна сопруга Лила која потекнува од Израел и работи како сценаристка на анимирани филмови.
Раперот претходно шест години беше во брак со поранешната сопруга, Хрватката Лана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


