| четврток, 6 декември 2018 |

Во август повторно ќе се полагаат екстерно и матура

eksterno-testiranje---janev[1]

Вкупно 3.647 ученици од завршните години што не полагале матура во првиот рок, ќе полагаат во август, објави денеска министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.

Матурата се полага по концептот еден плус три, односно три екстерни и еден интерен предмет. На 11 август, во понеделник, ќе се полага мајчиниот јазик, на 13 во среда, странски јазик. На 14 во четврток, учениците ќе полагаат математика основно и напредно ниво.

Вкупно 21 училиште ќе бидат опфатени со матурата која ќе почне во 10 часот изутрината. Екстерното тестирање пак, ќе се одржи на 14, 15 и 18 август, а со него ќе бидат опфатени 2.685 ученици, на кои предметите по кои ќе полагаат ќе им бидат познати три дена пред полагањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top