| четврток, 6 декември 2018 |

Татко си го силувал синот, а снимките ги објавил на интернет

Германец снимал како сексуално го малтретира својот син во спалната соба и во бањата од нивниот дом, а потоа видеата ги објавувал на интернет. Тој бил уапсен неколку часа откако сторијата била објавена на телевизија.

Полицијата во емисијата понудила 5.000 евра награда за информации во врска со 33-годишниот маж од Саксонија. Според полицијата, таткоо-монструм го малтретирал детето во текот на 2011 година, а видеозаписите ги објавувал на интернет оваа  минатата година. Идентитетот на уапсениот не е соопштен, но се наведува дека тој, наводно, го признал делото во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top