| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија не е во опасност од ебола

Директорот на Инфективната клинка Ѕвонко Миленковиќ, во разговор во вестите во 18 часот на „Канал 5“ телевизија, рече дека Македонија е подготвена за евентуалниот допир со смртоносната болест ебола.

Тој потврди дека уште од март месец, кога се појавија првитте случаи на заболени лица во Африка, тие постојано ги следат најновите случувања и испитувања на Светската здравствена организација.

Иако постои шанса со само еден лет, заболен од ебола да слета во Македонија, постојат мерки за спречување од опасноста во земјата.

За подетални информации, погледнете го неговиот разговор со новинарката Мирјана Трпчевска, тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top