| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии од Блажевски, Ѓероска и од Неделчевски во Дрезден

Kinder im Albertinum

Вечерва во 19 часот во галеријата „Ноје остен“ (Neue Osten) во Дрезден, Германија, ќе биде отворена изложба на современа македонска фотографија, „Македонски фотоклуб“. Фотографите, кои се своевидни амбасадори на македонската фотосцена, се од признатиот македонски фотограф Иван Блажев, младата фотографка Елена Ѓероска, Драги Неделчевски (познат по својот проект „Life in a box“) и од претстедателот на фотоклуб „Елема“, Дарко Петровски.

– Љубопитството за културата од југоисточна Европа ме мотивира да ја создадам оваа изложба. По 20 години патување во источна Европа, сè уште има што да се открива и преоткрива. Со оваа изложба се надевам дека ќе им дадам на младите уметници од источна Европа платформа на која ќе се презентираат и изразат себеси  – велат организаторите по повод изложбата.

Иван Блажев се претставува со својот проект „Лицата на невидиливиот град“, Елена Ѓероска со проектот „08:00-16:00“ (09:00-17:00), Драги Неделчевски со „Life in a box“ и Дарко Петровски со селекција на фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top