| четврток, 6 декември 2018 |

Шиповиќ: За мене не држи тоа што го кажа градоначалникот

andrej zernovski sipоvic 02 (Custom)

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и првиот човек на Советот на Општината, Мирослав Шиповиќ ги скршија копјата околу уставноста и законитоста на ДУП-овите за Тасино Чешмиче 1 и Капиштец-Водно. Денеска на седницата на Советот на општина Центар, Жерновски му се обрати на Шиповиќ:

 – 2-та ДУП-ови се спротивни на Уставот, и на два закони (за локална самоуправа и  просторно планирање) и на деловникот на Општина центар.

Шиповиќ врати:

– За мене не држи тоа што го кажа градоначалникот! Се е согласно законите, процедурите се запазени.

Жерновски реплицираше : Очекував од други да реплицираат, не од вас!

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Жерновски дека има селективен пристап во изнесување информации за јавноста. На  претседавачот му избега од контрола воспоставувањето на ред на седницата, наместо гласање за ДУП-овите се слушаат препукувања- кој какви ветувања дал и што исполнил за граѓаните

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top