Палецот и показалецот се ампутирани од левата рака на вардаровиот навивач Горан Николовски – Турчин.
-Како што дознава „Прес 24“ од извори на скопските Клиники, лекарите успеале да му ја спасат дланката, а се борат за уште еден негов прст. Извршени се хирушки интервенции и според информациите од блиските на Горан, тој е во добра општа состојба, пишува порталот.
Тој заработи повреда на вчерашниот меч меѓу Пелистер и Вардар во Битола, кога при интервенција на полицијата, експлодираше шок бомба. Покрај него, повредени се уште 11 навивачи од кои двајца имале потешки повреди. Сите се во добра општа состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.