| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Доколку сите мерки бидат исполнети, Србија за две години ќе биде нормална земја

vucic

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија добила една милијарда долари од Обединетите Арапски Емирати за пополнување на буџетот – пензии и плати, како и за покривање на дел од кредитите.

Тој најави дека солидарниот данок ќе биде укинат во септември, а платите во јавниот сектор и пензиите ќе се зголемат кога домашниот бруто-производ ќе забележи раст од три отсто.

Вучиќ посочи дека јавните финансии во Србија се доведени до раб на пропаста, но оти мерките кои ги предлагаше  поранешниот министер за финансии, Лазар Крстиќ, вклучително намалување на пензиите до 20 проценти и платите во јавниот сектор за 15 отсто, граѓаните на Србија не би можеле да ги преживеат.

Тој оцени дека Владата по преземените мерки „ќе страда“ во политичка смисла, но оти се бори за народот и за иднината.

– Ние направивме план кој речиси во целост ги исполнивме и кој е поддржан и од Светската банка и од Меѓународниот монетарен фонд и од шефот на Мисијата на Европската унија во Србија – Мајкл Девенпорт.

Доколку сите предвидени мерки бидат исполнети, за две години Србија ќе биде нормална земја, наведе Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top