Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс обезбеди пласман во полуфиналето на ВТА турнирот во Стенфорд, Kалифорнија, откако утринава ја победи српската тенисерка Ана Ивановиќ со 2-1 во сетови 2:6, 6:3 и 7:5.
Противничка на Серена во полуфиналната фаза ќе и биде Андреа Петковиќ (Германија) која во четвртфиналето ја победи постарата од сестрите Вилијамс, Венус, со 2-1 во сетови 6:1, 3:6 и 7:5.
И во другата полуфинална двојка ќе има американско – германски дуел. Играат Варвара Лепченко (САД) и Анџелика Кербер (Германија).
Лепченко во четвртфиналето беше подобра од сонародничката Викери, додека Кербер ја совлада Мугуруза (Шпанија).
Победничката на овој турнир ќе заработи 120 илјади долари од наградниот фонд кој изнесува 710 илајди долари, а ќе освои и 470 ВТА бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.