| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Меѓународниот ден на мамурлакот

Бидејќи вчера низ  207 града, 50 земји и 6 континенти се прославуваше Меѓународниот ден на пивото, логично е дека е создаден и Меѓународен ден на мамурлакот.

Имено, од мала локализирана прослава на пивото од 2007 година во западниот дел на САД, Денот на пивото прерасна во светска прослава, на која се чествува овој омилен пијалок низ многу земји во светот. Прославата секогаш се случува на првиот петок во август.

Иако за Ден на мамурлакот повеќето го сметаат денот после ирскиот празник Св. Патрик, кога исто така се пијат големи количини на алкохол, многумина го прифатија и овој ден, секоја прва сабота во август, соодветен за славење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top