| четврток, 6 декември 2018 |

Коe вино предизвикува полош мамурлак, белото или црвеното?

Барем еднаш на сите ни се случило понекогаш да претераме со виното и следниот ден да го чувствуваме притисокот во главата и секако, киселините во стомакот.

Но, додека едни велат дека црвеното вино е тоа кое најмногу им предизвикува главоболки, други пак, велат дека од белото вино следниот ден имаат ужасни болки во стомакот. Па, од кое вино мамурлакот е најсилен?

Според професорот Стив Алшоп од Националниот институт за истражување на дроги во Перт, Австралија, силината на мамурлакот се сведува на малите хемиски конституенти наречени конгенери.

Токму оваа супстанца ги одредува бојата и вкусот на алкохолните пијалаци, па колку повеќе конгенери има, толку е потемна бојата на алкохолот.

Конгенерите претставуваат „токсичен нуспроизвод при процесот на ферментирање“ кои остануваат во вашето тело и следниот ден и прават да се чувствувате лошо.

Според таа логика, би можеле да заклучиме дека црвеното вино е тоа кое може повеќе да предизвика мамурлак од белото.

Но, конгенерите не се единствената супстанца која доредува колку силен мамурлак ќе имате следното утро.

Доказ за тоа се белите алкохолни пијалаци, како џинот и вотката кои исто така можат да предизвикаат силен мамурлак.

За да избегнете главоболка следното утро, потребно е да мислите и на другите фактори кои можат да предизвикаат мамурлак, како тоа што сте мешале, колку брзо сте пиеле, колку брзо вашето тело го метаболизира алкохолот.

Најдобро е да пиете полесни и посветли алкохолни пијалаци, но во умерени количини и секогаш со вода покрај вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top