| четврток, 6 декември 2018 |

Транспаретност на Владата – колку е потрошено на кампањи

vlada

На патот кон исполнување на препораките од извештајот на Европската унија и имплементирајќи ги критериумите за членство, Владата доследно ги уважува препораките на ЕК. Во насока на исполнување на критериумите за транспарентост и на дополнително исполнување на европските вредностите на отвореност и достапност, за што владата се залага, денеска ја објавија матрицата за информирање на граѓаните со важноста и значењето на конкретните политики и мерки за нивно спроведување и презентирање.

Според извештајот на Владата, во 2012 година реализирани  се 6.615.609 евра.

2012 –  реализирани  6.615.609 евра

2013 –  реализирани 7.244.950 евра

2014 –  реализирани (1 семестар) 3.985.500 евра

Ваквиот извештај ги демантира тврдењата на опозицијата, која обвинуваше дека стотици милиони евра се одлеваат на кампањи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top