| четврток, 6 декември 2018 |

Со диња против вишокот килограми

dinja

Сѐ уште не е доцна ова лето да се вовлечете во омилениот фустан и гордо да  прошетате во новиот костум за капење. Ваш сојузник во борбата против вишокот на килограми може да биде – дињата. Овие денови ги краси сите пазари, а идеална е за слабеење без мака.

Она што и дава предност во однос на останатите летни деликатеси е ароматичниот вкус, а притоа, малкуте калории. Дињата содржи дури 90 отсто вода, а остатокот се шеќери. Ако изедете 100 грама диња, вие сте внесле само 29 калории. Заради целулозата со која изобилува, совршено го сузбива гладот, го олеснува варењето и ја спречува надуеноста во стомакот. Ако ја консумирате секојдневно, на здрав начин ќе го изгубите вишокот на килограми, а нема да бидете гладни.

Богата е со витамини A, B и C, како и со калиум кој му помага на организмот да се ослободи од вишокот на натриум и на тој начин да го регулира и крвниот притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top