Вака докторот Петар Динев раскажува како се чувствувал за смртта на малото бебенце во сообраќајката кај Демир Капија, која го потресе целиот Балкан.
– Во еден момент ги отвори очите, ме погледна и почина… Срцето ми застана во моментот кога сфатив дека бебето почина. До последен момент се трудевме и дававме сè од себе. Нема потешко нешто од ова – вели лекарот Петер Денев за српски „Курир“. Докторот прв дошол на местото на страшната сообраќајка со Брзата помош.
Д-р Динев вели дека бебето имало повреди, но не крвавело. Одеднаш престанало да дише во амбулантното возило. Го реанимирале, но за жал бебето им подлегнало на повредите. Лекарот вели дека во возилото настанал молк кога сфатиле дека малиот Андреја не дише.
– Со години се занимавам со оваа професија, сум видел и поминал сè, но оваа трагедија најтешко ми падна. Сликата на бебето и понатаму ми е пред очи, затоа и ми е тешко да зборувам – сведочи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона



