
Плач на тримесечно бебе ги повика спасувачките екипи кај свлечиштетот во Индија, каде детето и неговата мајка беа затрупани под урнатините.
Педесет и едно тело беа пронајдени под купиштата кал и камења донесени од свлечиштето кое го уништи селото во индиската држава Махараштра во средата наутро.
Претставници на локалната самоуправа соопштија дека 120 лица се уште не се пронајдени и шансите да преживеат се мали, но сепак постојат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


