Интернет-страницата на фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово е хакирана од непозната група која поставила видео на кое може да се види како го палат македонското знаме. Хакерите оставиле и порака до македонските власти дека не си ја вршат работата соодветно, односно дека не ги кажуваат расистичките напади кон Албанците од навивачите на Тетекс и на Вардар.
Групата ги обвинува овие два клуба дека нивните навивачи, кои ги нарекува „Срби“ , во последно време почнале да шират расна омраза кон Албанците пеејќи расистички песни, а воедно и им порачуваат: „Ние, Албанците само ќе стануваме поголеми, а не помали, и бидете убедени дека никогаш нема да заборавиме“.
– Вашите навивачи запалија албанско знаме на фудбалски натпревар. Ние сакаме да ве потсетиме дека вие и вашите фанови сте пе..ри. Кажете што ќе постигнете со тоа? Албанците не се плашат од вас, Срби и никогаш нема – порачуваат хакерите кои оставиле и електронска пошта за контакт во случај ако сакаат управите на клубовите да ги контактираат.
Видеоснимката од палењето на знамето е поставена на „Јутјуб“ во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.